12 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Канада откриен череп од диносаурус тежок речиси 300 килограми(ВИДЕО)

Во Канада откриен череп од диносаурус тежок речиси 300 килограми(ВИДЕО)

Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранд Прери во Алберта, објави денеска Би-би-си.

Овој тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години.

Черепот, кој експертите го нарекоа Биг Сем, е најголемиот череп пронајден во Пајпстон ​​Крик, јави Би-Би-Си.

Палеонтологот Емили Бамфорт од музејот на диносаурусите Филип Ј. Кури рече дека на тоа место освен коски на возрасни има и стотина останки на помлади диносауруси.

Таа додаде дека примерокот Биг Сем бил совршено зачуван, бидејќи бил пронајден наопаку, што покажува дека овој диносаурус лежел на грб кога умрел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП