4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИДоларот зајакна по објавата на Федералните резерви

Доларот зајакна по објавата на Федералните резерви

dolare

Вчера вечерта пристигна извештајот на федералните резерви на САД кој беше делумно позитивен со што американскиот долар порасна во однос на другите валути.

Во изјавата се вели дека основната каматна стапка ќе остане непроменета на 0,25% и дека програмата за купување на државни обврзници ќе продолжи со истата мера за купување на истите во висина од 85 милијарди долари месечно.

Од Фед сметаат дека економијата покажува знаци на стабилизација но и понатака се соочуваат со фискалните неизвесности кои продолжуваат да влијаат на опоравувањето што ги поттикна монетарните власти да го одложат почетокот на купување на обврзниците.

Подстечајните алатки, како што се купување на обврзниците имаат за цел да го поттикнат опоравувањето на економијата, држејки ја каматната стапка на исто минимално ниво, а воедно и на намалување на доларот.

Оваа објава ја помрдна валутната берза со примарен скок на доларот, а како што предвидовме во претходната анализацената на EUR/USD падна до очекуваното ниво на цена 1,3698, USD/JPY се искачи до 98,60, а GBP/USD падна и подолу од нашите предвидувања на цена од 1,6000.

Секој крај на месец и почеток на нов месец на берзите се забележува неправилен пазар, без респектирање на техничките отпори и поддршки, при што цената на секој валутен пар или друг финансиски инструмент не може да се предвиди на краток период од неколку дена.

Наша главна анализа сеуште е долгорочен нагорен тренд кај EUR/USD, очекуваме достижна цена до 1,4100 до крај на оваа година, но со фактот дека ни преостануваат уште два полни месеци до новата година, цената може да се движи и некој период во корективна зона, како на пример што е моменталното движење од 1,3750 до 1,3690 или доколку падне уште најверојатно до 1,3600.

Едно златно правило доколку не сте го знаеле: секогаш после долготраен тренд во една насока на пазарот следува корективно движење и креирање на временски одреден “Range” или движење на цената од одредено вискоко и одредено ниско ниво во одреден временски период.

Наше очекување за следните недела до две е дека цената на валутниот пар EUR/USD ќе се движи во зона од 1,3750 како највисока точка и 1,3570 како најниска точка, а потоа во зависност од фундаментите и реалниот пробив на некои од овие нивоа ќе може да проследиме нов тренд.

eurusdh

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП