10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп останува во Борусија до 2018-та

Клоп останува во Борусија до 2018-та

kolppp

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп потпиша нов договор со клубот. 46- годишниот стратег, кој со импресивна работа го привлече вниманието на најбогатите клубови, го обнови својот договор за уште две години или до летото 2018-та година.

Тој за пет години ја направи Борусија од тим во долната половина на Бундеслигата, до еден од најсилните тимови во светот. Во последните три сезони клубот два пати ја освои Бундеслигата, по еднаш Купот и Суперкупот на Германија и стигна до финалето на Лигата на шампионите во мај месец.

Клоп двапати беше избиран за тренер на годината во Германија, а со тоа стана и едно од најпосакуваните тренерски имиња. По потпишувањето на новиот договор, тој објави дека ниту еден клуб не треба да го бара, барем до 2018-та година.

Неговите асистенти Жељко Бувач и Петер Кравиц исто така потпиша за уште две сезони.

klopdogovor

„Сите ние се уште сме вљубени во клубот и во начинот на кој работат и како тука се одвиваат работите. Ја имаме најголема доверба и посветеност кон овој клуб“, изјави Клоп по потпишувањето на договорот.

„Беше важно за нас да дадеме јасен знак од наша страна. Ниту еден клуб не треба да ме бара до 2018-та година. Сакаме мир, за убаво да ја планираме иднината на овој клуб. Борусија е клубот на нашите срца“, додаде тој.

Извршниот директор, Ханс- Јоаким Вацке, изјави дека во клубот се исклучително среќни од повторното продолжување на договорот од страна на својот тренер.

„Не треба да ги делиш работите кои припаѓаат еден на друг“, изјави тој при потпишувањето на новиот договор .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП