13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Фрчат“ бонуси во Ред Бул

„Фрчат“ бонуси во Ред Бул

Japan F1 GP Auto Racing

Себастијан Фетел ја освои четвртата поред титула во Формула 1, и за себе и за екипата. Поради тоа раководството на австрискиот тим одлучи да ги награди сите вработени.

Како што истакнуваат некои медиуми, Фетел како бонус за титулата добил пет милиони евра, додека секој од 650-те вработени во базата на Ред Бул во Милтон Кејнс ќе добие по 12.000 евра.

„Оваа титула не ја освоија само возачите, туку целата екипа. Секој поединец фантастично го заврши својот дел од работата“, изјави Фетел по триумфот на трката за Големата Награда на Индија.

Фетел е најмладиот четирикратен светски шампион во историјата на Формула 1. До крајот на сезоната остануваат уште три трки и тоа во Абу Даби, Остин и Интерлагос.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП