24 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве што да направите пред да продадете телефон или лаптоп!

Еве што да направите пред да продадете телефон или лаптоп!

Ако продавате стар лаптоп или мобилен телефон, треба да го исчистите уредот од лични податоци. Еве ги чекорите што треба да ги преземете за да го направите тоа.

1) Направете копија од податоците (резервна копија)

Пред да започнете со бришење на сите лични податоци, направете копија од нив за да зачувате сè што ви е важно. Можеби ќе сакате да размислите за складирање на вашите податоци на повеќе места – USB, облак, итн.

2) Отстранете ги сите сметки

Не е доволно само да се одјавите од апликацијата – туку и да ги внесете поставките и од таму да ги отстраните сите сметки што постојат на вашиот уред.

Ако имате „Google Authenticator“ или слична апликација, прво копирајте ги податоците пред да го продадете уредот, а ако тоа не е можно, креирајте клуч од секоја сметка на новиот уред, а потоа избришете ја апликацијата од старата.

3) Фабрички поставки

Кога ќе го вратите уредот на фабрички поставки, сите ваши датотеки и други податоци ќе бидат избришани. Пред да го направите тоа, проверете дали сте направиле резервна копија на она што е важно за вас.

4) Повикајте ги професионалците

Ако имате хард диск и не сте сигурни како да ги избришете сите податоци од него за никој повеќе да не може да му пристапи, контактирајте со професионалци кои обезбедуваат услуги за уништување податоци.

5) Отфрлете ги и поединечните компоненти

Ако фрлате некоја стара технологија, се препорачува да ги одделите поединечните компоненти. Тие вклучуваат RAM меморија, хард дискови или SD-картички. Исто така, не е лоша идеја да ги избришете сериските броеви за да спречите злоупотреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП