„Google“ има функција која му овозможува тајно да ги снима гласовите на корисниците и да ги складира за различни намени.
„Google“ складира аудио снимки од активноста на корисниците на Интернет и во апликации, вклучувајќи вербално пребарување, асистенти и мапи, се со цел да ја подобри технологијата за препознавање звук.
Технолошки експерт неодамна откри „код за измама“ за кој тврди дека може да го спречите „Google“ да ги евидентира активностите што корисниците ги прават на нивните телефони.
Корисниците можат да ја прилагодат својата сметка на „Google“ со избирање соодветни поставки во делот „Data & privacy“, каде што можат да го блокираат пристапот до микрофонот и камерата.
Експертот Џефри Кастиљо сподели корисен совет преку видео на „Instagram“, објаснувајќи како корисниците можат да ја исклучат оваа функција.
Треба да ја отворите апликацијата „Google“ и да кликнете на „Manage your Google account“ (Управување со вашата сметка на „Google“). После тоа, се отвора делот за поставки за податоци и приватност, потоа поставките за историја и на крајот „Web & App Activity“ (Активност на веб и апликации).
Во делот „Turn on voice & audio activity“ (Вклучи гласовна и аудио активност), ќе видите сина ознака што треба да ја исклучите за да престане „Google“ да ве „слуша“.
Откако ова ќе се исклучи, аудиоснимките од гласовните интеракции со пребарување на „Google“, асистентот и мапите веќе нема да се складираат на вашата сметка на „Google“, дури и ако сте најавени на неа.