Реал Мадрид уште еднаш ќе се обиде да го доведе во своите редови напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез. Ова го тврдат медиумите на Островот.
Од „кралскиот клуб“ се подготвени да постигнат договор со Англичаните, а притоа вклучувајќи го Карим Бензема и 20 милиони фунти за уругвајскиот репрезентативец.
Бензема не ја покажува играта која се очекува од него во текот на сезоната и по секоја веројатност Анчелоти ќе се обиде да го истера францускиот напаѓач од „Бернабеу“.
Од друга страна, пак, Суарез е во одлична форма. По издржувањето на казната за каснувањето на Бранислав Ивановиќ, Уругваецот се врати посилен од било кога.
Во четирите средби во лигата Суарез постигна 6 гола и запиша 2 асистенции. Во текот на викендот тој забележа и хеттрик во триумфот на „црвените“ над Вест Бромвич.