16 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕЧудотворен напиток за чистење на белите дробови: Ја смирува кашлицата кај пушачите...

Чудотворен напиток за чистење на белите дробови: Ја смирува кашлицата кај пушачите и го исфрла секретот

Често се среќаваме со рецепти за зајакнување на зглобовите или чистење на цревата од токсини, меѓутоа, помош им е потребна и на белите дробови. Тие акумулираат прашина и токсини однадвор, кои мора да се прочистат.

Акумулацијата на секрет исто така може да биде проблем, бидејќи доведува до отежнато дишење.

Постојат домашни лекови кои ќе помогнат овој орган да се исчисти, а еден од најпопуларните е овој кој се користи со векови.

Се верува дека овој природен лек помага во исфрлањето на слузта и го олеснува чистењето на бронхиите. Посебно е ефикасен за кашлица кај пушачите.

Напивка за чистење на белите дробови – рецепт

  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажичка мед
  • околу 200 мл вода
  • мало парче корен од свеж ѓумбир (големина 6-8 мм)

ѓумбирот се сече на парчиња и се става во вода.

Се вари и се остава напитокот да се излади.

Додадете кокосово масло, јаболков оцет и мед.

Испијте ја оваа количина одеднаш.

Овој напиток можете да го пиете секогаш кога ќе почувствувате отежнато дишење, што може да е резултат на насобраниот секрет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП