15 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАIphone има нова функција: Го нарекуваат „рај за прељубниците“

Iphone има нова функција: Го нарекуваат „рај за прељубниците“

Apple ќе воведе многу нови функции со iOS 18, но една предизвика различни реакции на социјалните мрежи.

Покрај апликациите напојувани со вештачка интелигенција, iOS 18 на телефоните им ја носи и онаа што корисниците на социјалните мрежи веќе ја нарекоа „рај за прељубниците“.

Тоа е функција каде што корисниците ќе можат да ги означат апликациите што сакаат да ги сокријат од секој што гледа во нивниот екран.

„Сега, iOS 18 им дава на корисниците уште поголема контрола, со алатки кои им дозволуваат да управуваат кој ги гледа нивните апликации. Со заклучени и скриени апликации, корисниците можат да бидат сигурни дека податоците што сакаат да ги задржат приватни ќе останат такви“, велат од Apple.

Тие објаснија дека кога апликацијата е заклучена или скриена, содржината како што се пораките или е-поштата во неа се скриени од пребарување, известувања и други места во системот. Ќе може да се смени името на апликацијата, да се „замати“ иконата, па дури и да се паузираат push известувањата.

Иако ова е корисна карактеристика, корисниците на Твитер брзо пронајдоа цел што не е баш безопасна. Така коментираат дека е „направено за прељубници“, а се шегуваат дека „некој од компанијата Apple бил фатен во измама, па сакал да се погрижи тоа да не се повтори“.

Што мислите за оваа карактеристика?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП