3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕА Sports се раздели со Тајгер Фудс

ЕА Sports се раздели со Тајгер Фудс

tajger vuds

Компанијата за видео игри „Elelectronic Arts“ објави дека Тајгер Вудс повеќе нема да биде заштитно лице и да го дава името на играта за голф.

За прв пат од 1999-та година, голф играта на „EA Sports“ за „PlayStation 4“, „Xbox One“ и мобилните телефони, нема да го носи името на Тајгер Вудс.

Новата „PGA Tour“ игра веќе се развива со полна пареа, и од компанијата открија дека иконата на голфот Тајгер Вудс не е нејзиното лице, за прв пат. Така „Tiger Woods PGA Tour 14“ останува последната игра во историјата.

Производителот на „Tiger Woods PGA Tour“ се раздели со американскиот голфер по 14-годишно партнерство, објави генералниот менаџер на „EA Sports“, Дерил Холт.

„Секогаш сме биле големи фанови на Тајгер и му посакуваме да постигнува успеси во сите идни потфати“, вели Холт. Компанијата ќе продолжи да го користи во насловот името „PGA“.

37-годишниот веќе Вудс не освоил титула од Гренд Слем од 2008-та година. Во 2009-та година ги загуби договорите со голем број на спонзори по семејниот скандал, кој заврши со развод.

„EA“ беше од компаниите кои не се откажаа од неговите услуги, но постепено почна да ги користат и другите голфери за лице на играта. Во американската верзија на последното издание тој позира со Арнолд Палмер, а во европската – со Севе Бајестерос и Рори Макилрој.

Минатата сезона Вудс беше прогласен за играч на годината за прв пат од четири сезони. Тогаш освои пет титули и 8.6 милиони долари од наградните фондови.

Во јули потпиша нов договор со производителот на спортска опрема „Nike“, со кој е обврзан од почетокот на својата професионална кариера во 1996-та година. Ова е четврти договор меѓу нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП