20 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве кога хакерите напаѓаат најчесто

Еве кога хакерите напаѓаат најчесто

Повеќето „ransomware“ (напади со барање за откуп) напади сега се случуваат помеѓу 01:00 и 5:00 часот, веројатно за да ги фатат тимовите за сајбер безбедност без стража.

Ова се податоци од Извештајот за „Ransomware“ на „Malwarebytes“ за 2024-та година, заснован на разузнавачки информации за закани собрани од компанијата и нејзината единица за откривање и одговор „ThreatDown“ за време на ангажманите за одговор на инцидентот, како и сајтови каде што украдените податоци протекуваат за време на напад на откуп.

Поголемиот дел од инцидентите со кои се занимаваа експертите за отстранување на малициозен софтвер на „ThreatDown“ во текот на изминатата година се случија во раните утрински часови.

Причината за започнување напади ноќе и за време на викендите е едноставна – обид за напад во време кога во организацијата има помалку луѓе кои се вклучени во откривање и реагирање на инциденти.

„Malwarebytes“ тврди дека сега е потребно помалку време од кога било досега за да се заврши целиот синџир на напади на откупни софтвери, од почетниот пристап до шифрирањето. Иако порано беа потребни недели за да се поминат сите овие чекори, сега се неколку часа, се тврди во извештајот.

САД (63%) и Велика Британија (67%) се на прво и второ место по бројот на жртви на „ransomware“ во изминатата година, кои забележаа двоцифрен годишен пораст на обемот на напади.

Уделот на напади извршени од банди надвор од топ 15, исто така, се зголеми од 25% на 31%, што покажува дека откупниот софтвер станува попристапен за повеќе сајбер криминалци, се вели во извештајот.

Услугите и производството се двата сектори кои најчесто беа цел на откупни софтвери во изминатата година, при што вториот забележа огромен пораст од 71% во нападите во споредба со претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП