2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО23. фудбалери во трка за „Златната топка“

23. фудбалери во трка за „Златната топка“

topka aaaaa

Лионел Меси, Франк Рибери, Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Нејмар се најдоа меѓу главните кандидати за освојување на „Златната топка“ во 2013-та година, а ова стана познато вчеравечер.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата од 23 играчи кои ќе се натпреваруваат за оваа титула преку гласање, а наградата ќе биде доделена на 13-ти јануари 2014-та година во Цирих, Швајцарија.

topka zlatna

Меѓу номинираните се ноаѓаат: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Герет Бејл (Реал Мадрид ), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Единсон Кавани (ПСЖ), Тиаго Силва (ПСЖ), Радамел Фалкао (Монако), Еден Хазард (Челзи), Андрес Иниеста (Барселона), Лионел Меси (Барселона), Неимар (Барселона), Чави Ернандез (Барселона), Филип Лам (Баерн Минхен), Томас Милер (Баерн Минхен), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Франк Рибери (Баерн Минхен), Ариен Робен (Баерн Минхен), Бастијан Швајнштајгер (Баерн Минхен), Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд), Месут Озил (Арсенал), Андреа Пирло (Јувентус), Луис Суарез (Ливерпул), Јаја Туре (Манчестер Сити), Робин ван Перси (Манчестер Јунајтед).

Тројцата финалисти ќе бидат избрани во месец декември, а победникот ќе биде избран во гласање меѓу селекторите и капитените на националните тимови на земјите кои членуваат во ФИФА, како и претставници на светските медиуми кои се избраните од организацијата.

treneri topka

ФИФА ги објави и кандидатите за наградата за најдобар тренер на годината.

На листата се наоѓаат: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Рафаел Бенитез (Наполи), Антонио Конте (Јувентус), Висенте Дел Боске (Шпанија), Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед), Јуп Хејнкес (Баерн Минхен), Јирген Клоп (Борусија Дортмунд), Жозе Мурињо (Челзи), Луис Фелипе Сколари (Бразил) и Арсен Венгер (Арсенал).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП