Ако користите „Instagram“, можеби ќе ви биде корисна оваа функција.
Оваа апликација доби уште едно подобрување – корисниците сега можат да објават до 20 фотографии и видеа во една објава, што е двојно повеќе од претходно.
Како што потсети веб-страницата „Engadget“, оние постарите корисници веројатно ќе се сетат како изгледале работите пред петнаесет години, односно објава на „Facebook“ каде може да се вклопат и голем број фотографии.
Во тоа време смартфоните сè уште не беа толку распространети, па беше важно на „Facebook“ да се објавуваат фотографии направени со дигитален фотоапарат.
Овој формат наречен „Carousel“ пристигна на „Instagram“ во 2017-та година за сите корисници и оттогаш платформата истражува начини како да го подобри.