3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал и Вилијамс годинава заработија најмногу

Надал и Вилијамс годинава заработија најмногу

rafa i serena

Шпанецот Рафаел Надал се најде на чело на листата на тенисери со најголема заработувачка во оваа година, додека кај дамите титулата и припадна на Серена Вилијамс.

Рекетот број 1 во моментов од турнирите оваа сезона заработи 10.880.109 долари, а со два милиони помалку на второто место е Новак Ѓоковиќ, кој на своето конто инкасираше 8.554.397 долари. Далеку зад нив на третата позиција се наоѓа Енди Мареј со 5.416.221 долари.

Својата доминација, како на теренот, така и на ова рангирање, ја потврди Американката Серена Вилијамс со заработени 12.385.572 долари, а со двојно помалку на второто место е Викторија Азаренка (6.497.165 долари). На третото место е На Ли од Кина со 3.982.485 долари.

Tенисери:

1. Рафаел Надал 10.880.109 долари

2. Новак Ѓоковиќ 8.554.397

3. Енди Мареј 5.416.221

4. Давид Ферер 3.591647

5. Хуан Мартин дел Потро 3.519.614

6. Томаш Бердих 2.257.981

7. Роџер Федерер 2.194.811

8. Ришар Гаске 2.179.475

9. Станислас Вавринка 2.140.501

10. Михаил Јужни 1.777.428

Тенисерки:

1. Серена Вилијамс 12.385.572

2. Викторија Азаренка 6.497.165

3. На Ли 3.982.485

4. Марија Шарапова 3.544.222

5. Агњешка Радванска 3.118.332

6. Сара Ерани 3.073.992

7. Марион Бартоли 2.890.132

8. Петра Квитова 2.853.474

9. Анџелика Кербер 2.139.358

10. Јелена Јанковиќ 2.030.349

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП