Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Ги одложувате своите обврски со надеж дека ќе направите некоја отстапка. Ќе се појави некој проблем но ќе го најдете решението.
ЉУБОВ: Со партнерот ќе одлучите да промените многу нешта, доколку не ви успее планот ќе бидете одлучни да ја прекинете врската.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте витамини.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Делувате снаодливо пред соработниците, но имате лошо претчувство и најверојатно ќе биде вистинито. Чувајте се од измами.
ЉУБОВ: Партнерот во моментов нема премногу разбирања за вашите објаснувања. Наместо да се правдате извинете се.
ЗДРАВЈЕ: Немате кондиција, поработете на тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Имате добра волја и ќе преземете одговорност за крајниот исход во деловните преговори. Внимавајте на финансиската состојба.
ЉУБОВ: Ќе сакате да ги разрешите ситните проблеми но од партнерот нема да добиете фидбек. Без нервоза, оставете му малку простор и време.
ЗДРАВЈЕ: Добро.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Имате впечаток дека некој од соработниците го контролира вашиот начин на работа. Ваквиот период брзо ќе помине, не им префрлувајте на соработниците.
ЉУБОВ: Не дозволувајте сомнежите да создадат неповолна ситуација со партнерот. Нерасположението ќе биде главен предизвикувач на проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми за хроничните болни.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Вашата инспирација и креативното расположение делуваат потикнувачки на околината. Вложете средства во нешто што навистина вреди.
ЉУБОВ: Во одредени ситуации свесно ги користите своите заводнички манири во однос на блиското лице, сепак немојте да го злоупотребувате.
ЗДРАВЈЕ: Можна е мигрена.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Успешно предвидувате нечии деловни потези и умеете да го наметнете своето мислење. Одлично се справувате со проблемите.
ЉУБОВ: Ќе се појави љубомора која всушност ќе ве натера да донесувате погрешни заклучоци за партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Имате специфичен начин на изразување кој луѓето од вашето опкружување често не можат да го разберат. И покрај тоа не се откажувате од своите цели.
ЉУБОВ: Имате намера да освоите нечие внимание, но тоа го правите на многу погрешен начин.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Имате впечаток дека на полето на работа се се сведува на принципот земање и давање. Не си правете проблеми коментирајки невистини.
ЉУБОВ: Можно е да ви недостасува нечие присуство и емотивно внимание.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со видот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Обрнете им внимание на своите проблеми и побарајте финансиска поддршка.
ЉУБОВ: Вашите зборови на звучат доволно искрено пред сканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Проверете ј крвната слика.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Непотребно се заплеткувате во некои деловни води, внимавајте што ветувате и каде инвестирате.
ЉУБОВ: Делувате вознемирено и не успевате да ги остварите вашите емотивни планови.
ЗДРАВЈЕ: Лоша циркулација.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Можно е некои нови обврски да ги доживувате како голем товар или извесна неправда.
ЉУБОВ: Потешко од вообичаено ја согледувате вистината во однос на реалните можности, не се преценувајте и не го навредувајте партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Деловната добивка која ја очекувате најверојатно ќе замине во туѓи раце. Не дозволувајте тоа да ве извади од контрола.
ЉУБОВ: Со прикривањето на вистината пред саканото лице поттикнувате несигурност кај вас, а тоа многу јасно се гледа.
ЗДРАВЈЕ: Спијте повеќе.