8 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИ"Facebook" акциите со надреална цена!

“Facebook” акциите со надреална цена!

facebook-stocks

Од моментот кога најпопуларната социјална мрежа “Facebook” се придружи на берзата на акции, минатата година во Мај ја започна играта на шпекулативните осцилации на оваа берза.

Прикључувањето кон најголемата берза ја започнува со цена од 38,20 долари по акција и како преценети од старт добива шамар од инвеститорите и моментално цената започна да тоне кон дното во тој период достигнувајки цена од 17,6долари по акција или пад од55% во септември 2012-та.

Но дали тоа е реална цена на гигантската социјална мрежа и дали воопшто стартната цена беше реална со оглед дека е мрежа број 1 во светот и буквално не постои компанија или индивидуа што не ги користат нивните услуги.

“Facebook” групацијата го зазема својот став и го задава првиот удар. Цената на акциите растат со почетокот на маркетиншките кампањи на овој тим и буквално со секоја новина што ја воведуваат ги привлекуваат инвеститорите да вложуваат во акциите при што во јануари 2013-тата година цената достигнува до 31,00 долари.

Со почетокот на 2013-та година аналитичарите укажуваат дека моменталната цена од 31,00 долари по акција е превисока, при што инвеститорите ги продаваат своите акции, цената повторно паѓа во првиот квартал и достигнува до22,70 долари во вториот квартал на годината, а тимот на “Facebook” мудро припрема нова кампања со која им овозможува на компаниите ширум светот да се рекламираат директно со своите веб-страни и ја активира од месец Јуни. Оваа кампања се докажува мошне успешно и како што расте бројот на клиенти така и се влева уште поголема доверба кај инвеститорите кој се повеќе ги купуваат акциите и цената забрзано расте при што и ја надминува почетната цена со која “Facebook” стана учесник на берзата.

Од моментот на надминување на цената од 38,20 долари по акција во месец Август оваа година се до средината на месец Октомври цената на “Facebook” акциите достигнува до неверојатни 54,50 долари по акција што претставува надреален скок од 200% од најниската цена  за само време од 13 месеци. При оваа огромна разлика дефинитивно некои од берзанските играчи “дебело” се збогатиле а најверојатно “кајмакот” го собира токму самата групација.

Но народната вели: Кој високо лета и ниско паѓа! Од техничка гледна точка низ сите години наназад овој вид на вештачки растови на цената на еден финансиски инструмент, без разлика за кого и што се работи, секогаш резултираат и со слична мера на обратно движење. На графичкиот приказ може да забележете дека цената веќе е запрена на последното фибоначиево ниво 261,8% или цена од 54,50, за да се одбие и падне на 50,00 долари по акција што претставува една психолошка граница, но доколку цената падне под 50,00 долари по акција тогаш ќе следи засилен пад до веројатната реална цена од 38,20(цената која изнесуваше на стартот од активацијата).

tot

Како и претходната година само во различни ценовни зони се претпоставува дека тимот на “Facebook” најверојатно ќе олади со кампањите или бројот на компаниите кои ги користат услугите на оваа социјална мрежа можеби го достигнаа максимумот и веројатно ќе ослабнат резултатите во продажбата на своите продукти користејки го овој вид на маркетинг, притоа автоматски би ја намалиле цената на услугите од страна на “Facebook” а најверојатно и постарите берзански играчи ќе “натоварат” продажни налози за акциите на оваа групација.

За информација, естонската брокерска компанија Адмирал Маркетс ви нуди услуга со која може директно да учествувате на берзата со акции и токму “Facebook” акциите може да ги продавате или купувате преку трговските сметки по електронски пат на платформата за тргување “MetaTrader 4”.

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП