Ако сте од оние што користат пудра секојдневно, заради пигментација, можеби е време да се размисли за производи кои покрај козметичката улога истовремено и ја заштитуваат кожата на лицето. Сончевите зраци покрај убаво време носат и ризици особено кога станува збор за кожата. Изложеноста на сонце е причина број еден за појава на хиперпигментација бидејќи сончевата светлина пред сѐ предизвикува производство на меланин. Меланинот делува како природен крем за сончање на кожата така што заштитува од штетните зраци, па затоа луѓето потемнуваат на сонце.
Сонцето може да предизвика дамки!
Причината за појава на хиперпигментација е најчесто прекумерно изложување на ултравиолетови (УВ) зраци. Кога кожата е многу изложена на сонце меланинот неправилно се распределува што резултира со појава на темни дамки или хиперпигментација.
Прекумерното изложување на сонце го забрзува и процесот на стареење на кожата. Ова се манифестира со појава на фини линии, брчки и загуба на еластичноста на кожата. УВ зраците предизвикуваат и оштетувања на ДНК во клетките на кожата што може да доведе и до посериозни здравствени проблеми.
Превенцијата од ваква несакана појава е користење на креми за сончање со висок заштитен фактор. Носење на заштитна облека, шешири и избегнување директно сонце во најжешките часови се исто така ефективни мерки.

Интернационалниот бренд Еуцерин е препознатлив по своите иновативни производи што содржат активни состојки и го пречуваат формирањето на темни дамки и помагаат во нивно избледување. Таков производ е Sun Pigment Control Tinted со заштитен фактор SPF50+ со што веднаш се добива рамномерен тен, а кожата е комплетно заштитена од сонце. Технологијата и истражувањата вложени во овие производи ги прават најпосакувани ширум целиот свет.
ПР објава