19 септември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретераа со електричните возила, ги враќаат обичните мотори?

Претераа со електричните возила, ги враќаат обичните мотори?

„Ford“ призна дека можеби бил премногу агресивен во својата политика за електрична транзиција. Во интервју за „Autocar“, главниот оперативен директор за електрификација на „Ford“, Марин Ѓаја, рече дека компанијата е премногу амбициозна со своите електрични планови во Европа.

„Мислам дека клиентите го кажаа своето и ни кажаа дека планот е премногу амбициозен. Не гледаме дека целосното електрично напојување до 2030-та година е добар избор за нашиот бизнис или за нашите клиенти“, вели тој.

Во 2021-ва година, „Ford“ ги објави плановите да ја претвори целата флота на возила во Европа во електрични до 2030-та година, но плановите очигледно ќе се променат.

Се чини дека во европската подружница на „Форд“, бензинските автомобили и хибридите ќе живеат по 2030-та година. Во моментов, „Ford“ продава само две електрични возила во Европа, „Explorer EV“ и „Mustang Mach-E“.

Новиот „Ford Capri“ ќе се појави во продажба подоцна во оваа година.

„Ford“ не е првиот што дошол до овој заклучок. Ладењето на пазарот на електрични автомобили во Европа принуди многу производители да ги променат своите планови. Електричните автомобили се иднината, но очигледно тие сè уште не се многу интересни за клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП