21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОвој потег на Netflix нема да ви се допадне

Овој потег на Netflix нема да ви се допадне

Netflix повторно прави потези кои на некои корисници нема да им се допаднат.

Во изминатите неколку месеци, Netflix во САД, но и во Европа, ги исфрли претплатниците од основниот план(Basic), кој официјално беше прекинат на почетокот на оваа година.

Основниот план беше најевтиниот начин за гледање без реклами, но во обид да привлече повеќе корисници во својот план поддржан од реклами, Netflix ја отстрани опцијата корисниците да се претплатат на него во јануари.

Во претходниот период, оние кои имаат основен план во одредени региони, почнаа да добиваат пораки од платформата за стриминг, во кои им било соопштено дека треба да изберат нова претплата.

По објавувањето на заработката во вториот квартал од оваа година, Нетфликс испрати писмо до акционерите, каде што вели дека оние корисници кои платиле за основниот план во САД и Франција ќе бидат „избркани“.

„Нешто повеќе од 18 месеци од лансирањето, продолжуваме да го зајакнуваме нашиот план поддржан од реклами, кој сега го користат повеќе од 45% од претплатниците“, рекоа директорите на Netflix.

„Атрактивноста на оваа претплата (6,99 долари месечно во САД), заедно со постепеното укинување на основниот план во Обединетото Кралство и Канада, а сега и во САД и Франција, го зголеми бројот на претплатници за 34% во вториот квартал, се додава писмото до акционерите.

Ако сте во овие земји и сè уште имате Основен план, можеби ќе сакате да размислите што да правите.

Во наредните денови, на пример, Netflix ќе побара од оние со основен план во САД или да изберат нов или да ја откажат претплатата – тоа се единствените опции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП