5 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТрендовите завршија, не очекува непредвидлива недела!

Трендовите завршија, не очекува непредвидлива недела!

eurusdmoney

Се ближи крај на месец Октомври, месец кој беше извонреден за тргување на валутната берза, со праволиниски трендови кај повеќето валутни парови, а посебно кај примарните валути поврзани со котирачката валута Американски Долар (EUR/USD, GBP/USD, AUD/USD, NZD/USD, USD/CHF…).

Ако направиме еден преглед на цените на овие валутни парови во почетокот на месец октомври и денес, може да констатираме дека цел месец индексот на американскиот долар паѓаше, поткрепен од серијата неповолни економски податоци и случувања.

indek

Се започна со кризата во американскиот конгрес кога се одложи гласањето за буџетот во САД за 2014-та година, што предизвика општа паника кај инвеститорите, потоа на 17-ти октомври за повторно да седнат на тркалезната маса за да го одложат или избегнат банкротот беа приморани да донесат единствена одлука за избегнување на банкротот со што го зголемија лимитот на државни долгови кој секако и пред тоа долгот на САД беше “многу мал” и последниот удар со објавата за драстичното намалување на платите кај произведствениот сектор.

За да се стабилизира американскиот долар е потребно подолго време или некое чудо во скора иднина, но за овој месец најверојатно го достигна минимумот и најверојатно сега е препуштен на “маркет мејкерите” да си поиграат “виртуелен пинг понг” или игра на манипулации користејки го обемот на налозите од помалите институционалци и индивидуалните трговци за вакумирање на цената во помала зона или профитирање во “Ренџ-маркет” во стилот на “Купи поефтино – Продај поскапо”.

Оваа недела е недела на извештајот на Федералните Резерви на САД и прес конференцијата на претседателот Бен Бернаке кој најверојатно ќе ја напушти оваа позиција по долгогодишното претседавање свесен дека неговиот брод тоне, така да не би сакал повеќе да е капетан на “економскиот Титаник”.

Најпопуларниот светски валутен пар EUR/USD забележа позначителен нагорен тренд во претходните два месеца од цената во почетокот на септември 1,3120 се до претпоследната недела на октомври до цена 1,3825, што изнесува разлика од 700 поени или пипа, кој доколку се реализира профит на форекс сметките на оваа разлика со големина од10/1 лота би изнесувал 70 000/7000 американски долари или еквавилентно во евра, а за микро трговците со помали сметки со обем од 0,1/0,01 лота профит од 700/70 долари.

eurusdh

Во пресрет на FOMC оваа недела како што наведовме горе очекуваме корекција на валутниуот пар EUR/USD со мал пад до 1,3750 или 1,3690 и формирање на триаголна формација помеѓу овие две цени, како би се теснела цената во помал ренџ се до извештајот на федералните резерви во среда навечер кога се очекува нова експлозија на валутната берза.

eur

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП