Samsung се подготвува официјално да го претстави Galaxy Ring на 10 јули, а некои од неговите карактеристики се веќе откриени.
Според информациите откриени од Android Authority преку анализа на APK-датотеката на апликацијата Samsung Health, Galaxy Ring ќе има можност да го следи срцевиот ритам и нивото на стрес, како и да ја мери температурата на кожата и да ги следи месечните циклуси. Прстенот ќе има и детекција на ‘рчење, што ќе бара телефонот да биде во близина и на полнач.

