28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОEURO2024 е Мека за измамници – Еве како заработуваат најмногу пари

EURO2024 е Мека за измамници – Еве како заработуваат најмногу пари

Лажна продажби на билети, евтини лажни преноси на натпревари и крипто монети се некои од најчестите измами на Европското фудбалско првенство што се одржува во Германија.

Со почетокот на Европското фудбалско првенство, милиони гледачи се собираат на нивните екрани и на фудбалските стадиони, меѓутоа, ова е можност за сајбер-криминалците да го искористат еден од најочекуваните настани во 2024 година, предупредуваат експертите на Kaspersky.

Откриле голем број измами за кражба на кориснички податоци и пари, а се чини дека сите измами се понуди поврзани со Европското фудбалско првенство во 2024 година. Традиционална закана пред секој голем „офлајн“ настан се измами со билети, а ова првенство не е исклучок.

Експертите открија лажна страница која изгледа како страница на популарна германска енергетска компанија која нуди билети за ЕУРО 2024 на лотарија.

Откако ќе се логираат, од корисниците се бара да го внесат своето име, телефонски број и адреса.

Оваа кампања е тесно насочена кон вработените и партнерите на компанијата жртви, што значи дека измамниците ја користат секоја можност да се инфилтрираат во инфраструктурата на целта.

Продаваат монети со карактери на играчи

Измамниците ја капитализираат популарноста на ЕУРО 2024 со продажба на специјални монети со слики од популарни играчи, ветувајќи импресивни профити.

На пример, експертите открија шема која вклучува монети именувани по Хари Кејн.

Овие монети се во голема мера промовирани од измамници преку меил кампањи и социјални мрежи како што се X (поранешен Твитер), Фејсбук и Телеграм.

Нестрпливите трговци, не сакајќи да ја пропуштат можноста, брзаат да ги купат монетите, зголемувајќи ја нивната цена. Кога цената ќе се надува, измамниците ги продаваат своите монети, предизвикувајќи нивната вредност да падне за неколку минути.

Гледачите на Интернет, исто така треба да внимаваат, бидејќи се откриени и лажни платформи за стриминг кои нудат ексклузивни преноси по ниски цени.

Покрај протекувањето на плаќањата и личните информации, овие сајтови може да имаат вградени ранливости што им овозможуваат на напаѓачите да ја преземат контролата над вашиот прелистувач. Експертите открија и лажни онлајн продавници кои продаваат реквизити за обожаватели: дресови, шалови, капи и се останато со попуст од 40 проценти. И секако, тие што наседнале никогаш не ги добиле нарачаните предмети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП