27 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск: Телефоните повеќе нема да постојат во иднина

Маск: Телефоните повеќе нема да постојат во иднина

Милијардерот и технолошки иноватор Илон Маск предвидува иднина во која мобилните телефони ќе станат застарени.

Како одговор на платформата „X“, Маск истакна: „Во иднина нема да има повеќе телефони, само „Neuralink“.

„Neuralink“ е една од компаниите на Маск, која развива мозочни чипови/импланти. Компанијата веќе почна да тестира мозочни импланти на луѓе и не планира да престане.

Објавата на Маск беше одговор на фотографијата генерирана со вештачка интелигенција на Маск како држи телефон со дизајн на невронска мрежа нацртан на неговото чело.

Во текот на јануари, Маск објави дека првата личност која добила мозочен имплант „Neuralink“ е 29-годишниот Ноланд Арбо.

Неодамна, Маск објави на „X“ дека „Neuralink“ прифаќа апликации за друг учесник, кој ќе добие имплант „Neuralink“ наречен „Телепатија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП