26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ носи нов тренд на пазарот, сите уреди ќе бидат вакви

„Apple“ носи нов тренд на пазарот, сите уреди ќе бидат вакви

Наскоро би можеле да дознаеме каква идеја има „Apple“ кога станува збор за дизајнот на производите на компанијата, а тука првенствено се мисли на нивната дебелина.

Аналитичарот на екосистемот на „Apple“, Марк Гурман, тврди дека мисијата на „Apple“ да го направи најтенкиот можен производ никогаш нема да заврши со уредот „iPad Pro“.

Компанијата планира и потенок „MacBook Pro“, „Apple Watch“, а како што дознавме минатиот месец – во подготовка е и потенок „iPhone“.

Гурман вели дека „Apple“ е на работ да создаде „нова класа на уреди на „Apple“, кои треба да бидат најтенките и најлесните производи во нивните категории во целата ИТ индустрија“.

Според аналитичарите, потенкиот „iPhone“ би требало да пристигне во 2025-та година, во рамките на серијата „iPhone 17“. Засега нема информации кога можеме да очекуваме тенки модели од другите категории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП