21 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА МОРА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ ОВАА ХРАНА: Само ќе...

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА МОРА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ ОВАА ХРАНА: Само ќе направи да се разгорат акните!

Изборот на храна може да има значително влијание врз здравјето на кожата, особено кога станува збор за акни.

Иако често се поврзуваат со тинејџерските години, акните можат да ги погодат и возрасните, како што покажува студијата на Институтот за истражување на кожата во Сингапур.

Повеќе од 12 проценти од жените над 35 години се уште се соочуваат со овој проблем, нагласувајќи дека акните не се резервирани исклучиво за адолесцентниот период.

Храна која треба да се избегнува

Истражувањата покажаа дека одредена храна може да го зголеми ризикот од појава на акни. Обезмастеното млеко, на пример, е поврзано со зголемување на акните, како и потрошувачката на рафинирани јаглехидрати, како што се тестенините, белиот леб и газираните сокови.

Висок гликемиски индекс на храна

Храната со висок гликемиски индекс, како што се бананите, исто така може да придонесе за појава на акни. Бананите, иако изгледаат како здрав избор, имаат висок гликемиски индекс кој може да влијае на состојбата на кожата. Црешите, од друга страна, се подобра опција со многу понизок гликемичен индекс.

Штетност на сувото овошје и пицата

Сувото овошје и овошните сокови, иако често се сметаат за здрав избор, може да имаат спротивен ефект кога станува збор за кожата, поради високата содржина на шеќер.

Исто така, омилената храна како пицата, со висок гликемиски индекс, може да придонесе за воспаление кое доведува до појава на акни.

Влијанието на исхраната врз здравјето на кожата е очигледно, а избегнувањето на одредени видови храна може да биде чекор кон зачувување на чиста и здрава кожа. Иако генетиката и животната средина играат улога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП