„HMD Global“, финската компанија која стои зад телефоните на „Nokia“, работи на оживување на легендарната серија „Nokia Lumia“.
Најновите информации сугерираат дека претстојниот модел на телефон „Lumia“ ќе биде уред со брендот „Nokia“, иако претходните извештаи споменуваа дека телефоните „HMD“ повеќе нема да користат брендирање на „Nokia“.
Телефонот ќе биде копија на класичниот дизајн на „Lumia“ и на него ќе го има карактеристичното лого на „Nokia“.
Репликата на „Nokia Lumia“ го носи кодното име „SkyLine“ и се претпоставува дека е телефон од средна класа со некои модерни карактеристики.
Ќе се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 7s Gen 2, ќе има 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци. Ќе има три камери на задната страна: главен сензор од 1080 MP, ултра широк 8 MP и макро или сензор за длабочина од 2 MP. На предната страна ќе има селфи камера од 32 MP.
Сè ќе се напојува од голема батерија со капацитет од 4900mAh, со поддршка за 33W полнење преку кабел. Телефонот ќе има и поддршка за Bluetooth 5.2 и NFC, како и два звучници со технологија за звук OZO и технологија PureView.
Според гласините, дисплејот на овој телефон ќе биде еден од неговите главни адути. Станува збор за FHD+ OLED екран на допир, со поддршка за освежување од 120 Hz.
Кога станува збор за дизајнот, „SkyLine“ се враќа на класичниот дизајн „Fabula“ од ерата на „Lumia“. Ќе обезбеди носталгична нота за сите љубители на серијата. Телефонот се очекува во розова, сина, зелена и жолта боја.
„SkyLine“ од самиот почеток ќе го користи најновиот оперативен систем Android 14, а на корисниците ќе им понуди познато, но и ново искуство. Се очекува да чини меѓу 522 и 539 евра.