Овој месец, „Apple“ направи значителна промена во политиката за поправка и стандардната гаранција за „iPhone“ и „Apple Watch“.
Според повеќе извори, „Apple“ повеќе не покрива „постоење на една пукнатина“ според стандардната гаранција за „iPhone“ и „Apple Watch“. Наместо тоа, овие поправки сега се обработуваат како барања за „случајна штета“, а корисниците се обврзани да платат.
До овој месец, политиката на „Apple“ беше да го покрие оштетувањето на една пукнатина на екранот, според стандардната гаранција за корисниците на „iPhone“ и „Apple Watch“, се додека нема други видливи оштетувања или јасна точка на удар што доведе до пукнатини на уред.
Сепак, во ажурирањата дистрибуирани до „Apple Stores“ и овластените даватели на услуги на „Apple“ оваа недела, компанијата ја ажурираше својата политика и рече дека сите случаи на поединечни пукнатини повеќе не се покриени со гаранција. Кога клиентот ќе пријави една пукнатина како симптом, од давателот на услугата се бара да ја обработи како барање за случајна штета.
Тоа значи дека ќе треба да платите за да ја поправите таа пукнатина, дури и ако нема други оштетувања или точки на удар на вашиот уред. Од сега, промената се однесува само на „iPhone“ и „Apple Watch“. Apple сè уште покрива поединечни поправки на пукнатини под гаранција за „iPad“ и „Mac“.
„Apple“ не објави никаква конкретна причина за оваа промена. Во пракса, оваа политика отсекогаш се применувала од случај до случај, при што некои продавници и сервисни продавници се поблаги од другите. Со оваа промена, сепак, давателите на услуги повеќе ја немаат таа флексибилност.