За успесите и тениските мајстории на Новак Ѓоковиќ се знае речиси сè.
Јелена му е најголем поддржувач на најголемите турнири. „Спортал“ објави како Новак успеал да го освои срцето на својата сегашна сопруга Јелена.
Јелена и Новак Ѓоковиќ се запознале во 2005 година преку заеднички пријатели, а Ноле сè уште не бил глобално популарен.
Новак имал само 17 години и големи соништа, а спортувала и Јелена, која е 11 месеци постара од него. Новак безбројпати истакнал дека Јелена е негова сродна душа, а дека нивната љубов е вистинска, му докажал фактот што се запознале додека тој сè уште не бил популарен.
„Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запознала на 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Она што најмногу го сакам кај неа е искреноста, тоа нè прави среќни“, изјави еднаш Новак.
Тенисерот првпат ја претстави на јавноста на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година. Таа често го посетуваше Монте Карло, каде што денес живее семејството Ѓоковиќ.
„Бевме само деца кога првпат се запознавме. Бевме на тениски турнир во клуб на Баново Брдо. Тренирав тенис долго време, до 15 години, па имавме заедничко друштво. Тој решаваше крстозбори, а јас бев до него, па ме замоли да му помогнам и така почнавме да решаваме заедно, но после тоа повремено се среќававме и секогаш убаво си поминувавме, но без никакви назнаки дека некогаш ќе се забавуваме. Почнавме да излегуваме дури по три години“, раскажа Јелена.
Новак откри дека првпат се сретнале на турнир во Белград.
„Првпат се запознавме на еден од локалните турнири во Белград…. Таа ми беше девојка пред да се венчаме. Пред тоа таа ми беше пријателка. А пред тоа имаше една девојка со која се заљубив во средно училиште“, откри Ноле.
Романтичен состанок кој не почна добро, но заврши одлично.
„Отидовме да летаме со балон. Изнајмив уште еден балон, кој требаше да летне во моментот кога ќе поминеме и да пушти натпис на кој пишуваше ‘Ќе се омажиш ли за мене’. Проблемот настана кога балонот се запали, иако не толку лошо. Јелена почна да ја фаќа паника. О, боже. Имаме дупка во балонот“, извикала Јелена, раскажува Ѓоковиќ.
Се свртел кон возачот и му рекол: „Ве молам, помогнете. Ќе ја пропуштам можноста“.
„Тогаш видов уште еден балон, на кој се појави, како што мислев тогаш, реклама. Мислев ако е луд, што прави со рекламата, а потоа само прочитав што пишува. Се свртев и тој веќе беше на колена со прстенот“, раскажа Јелена.
Свадбените веселби на славната двојка привлекоа огромно внимание во јавноста, а тие се погрижија сè да биде како што замислија – и тоа без присуство на седмата сила. Новак и Јелена се венчаа на Свети Стефан на 10 јули 2014 година.
Иако поради нивниот хармоничен брак, меѓусебната поддршка и посветеноста на семејството, Јелена и Новак често се тема на медиумите, таа вели дека не постои точна формула за успех, но се бара многу труд и почит.
„Мислам дека нема формула, бракот едноставно функционира или не. Како и секоја врска. Потребни се голема почит и емоционална посветеност за бракот да биде добар и траен. Новак многу патува, а кога ќе се врати од патувањето, тоа е како повторно да се запознаеме. Работењето за неговиот бренд ми помогна да го разберам и да го почитувам успехот што го постигна – и да ја прифатам осаменоста што доаѓа со таа прекумерна работа, патување и посветеност. Ова е товарот на славата и успехот што го носите“, раскажа Јелена.