2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го претстави концептот S660

Honda го претстави концептот S660

Honda_Honda

„Honda“ пред премиерата на Саемот на автомобили во Токио која е закажана за следниот месец, го претстави спортскиот кабриолет „S660“, концепт кој е наменет исклучиво за јапонскиот пазар.

Малиот спортски кабриолет, кој во сериско производство ќе влезе дури во 2015-та година, потсетува на концептот „EV-STER“ од 2011-та година, а под хаубата ќе има мал трицилиндарски мотор со само 64KS кој ќе биде поврзан со седумстепен „CVT“ менувач.

hondas660

Малиот агрегат малку ќе ја компензира тежината на автомобилот која изнесува 900kg, a извори од компанијата велат дека во иднина ќе се појави и верзија со поголем 1.0-литарски турбо мотор со 100KS. Според информациите со овој мотор, автомобилот би можел да се појави и на меѓународниот пазар.

Концептот „S660“ ќе биде изложен на штандот на „Hondа“, покрај „Urban-SUV“ и концептот „Aсura NSX“.

honda-hondaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП