17 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕПиете антидепресиви „како бонбони“? Размислете уште еднаш

Пиете антидепресиви „како бонбони“? Размислете уште еднаш

Голема клиничка студија спроведена во САД покажа дека земањето антидепресиви го зголемува ризикот од мозочен удар.

136.923 жени на возраст меѓу 50 и 79 години биле следени во просек 6 години. Жените кои користеле антидепресиви имале 45% зголемен ризик од мозочен удар во споредба со жените кои не ги користеле овие лекови.

Се смета дека самата депресија го зголемува ризикот од мозочен удар, така што не е сосема јасно колкав е точниот дел од овие лекови.

Беше испитувано дали има разлика во процентот на мозочен удар во зависност од тоа дали лицето користи трициклични антидепресиви или лекови од групата SSRI (селективни инхибитори на серотонин). Луѓето кои користат лекови од групата SSRI се повеќе склони кон мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот.

Истражувачите предупредија дека луѓето кои користат антидепресиви никогаш не треба сами да престанат да го земаат лекот! Доколку имаат некаква дилема, треба да се јават кај својот лекар и да разговараат со него за предностите и несаканите ефекти од земањето на овие лекови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП