Петар Заборски и Петар Спасеновски од „Макпетрол“ ќе учествуваат на последниот турнир од Светската карате 1 премиер лига за 2024 година. Тие се единствените претставници од Македонија што ќе бидат дел од силното натпреварување што во Казабланка ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни. Заборски ќе се бори во категоријата под 75 килограми, додека Спасеновски во таа под 84 килограми.
На меѓународниот собир ќе се соочат Топ-32 најдобри индивидуалци од ранг-листата на Светската карате федерација (ВКФ). Пријавени се 381 натпреварувач од 60 земји. По турнирите во Париз, Анталија и Каиро, најквалитетните светски каратисти во Мароко ќе се борат за медал, но и за престижната титула „севкупен победник“ (Grand Winner) во своите категории.


