4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot-Citroen сепак останува француска компанија

Peugeot-Citroen сепак останува француска компанија

psaga

Францускиот министер задолжен за заживување на производството, Арно Монтебург, изјави дека групацијата „Peugeot-Citroen“ (PSA) ќе остане француска компанија, но не се исклучува можноста за влез на кинески капитал.

„„PSA“ ќе остане француска компанија“, потврди за локалните медиуми Монтебург. На прашањето на новинарите дали тоа значи дека Кинезите нема да влезат со свој капитал во компанијата, министерот одговори дека тоа не го рекол, туку дека компанијата ќе остане француска и во Франција.

„„Peugeot-Citroen“ се соочува со големи проблеми. Целта е компанијата која има 100.000 вработени во Франција да се опорави и повторно да застане на нозе. Тоа е можно“, додаде министерот, земјаќи го за пример „General Motors“.

„Оваа американска компанија, која инаку од 2012-та година поседува седум проценти од капиталот на „PSA“, еднаш претрпе стечај и загуби 28.000 работни места, а денес, сепак добро се опорави“, потсети Монтебург.

Тешкотиите со кои се соочува „PSA“ да врзат крај со крај, во последните неколку недели повторно се активираа гласините за доаѓањето на нови акционери со кои ќе се опорави најголемата автомобилска француска компанија.

Во печатот се шпекулираше дека француската влада и кинескиот „Dongfeng“ би можеле да вложат помеѓу 2.3 и 3 милијарди евра во „PSA“, a претседателот на „Dongfeng“ минатата недела потврди дека ја разгледуваат можноста за влез во „PSA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП