8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи и Сити во борба за фудбалер на ПСЖ

Челзи и Сити во борба за фудбалер на ПСЖ

bles

Англиските гиганти Челзи и Манчестер Сити се подготвени да му понудат пред-договор на полудефанзивецот на ПСЖ, Блес Матуиди, чиј договор со францускиот шампион истекува на крајот од сеозната.

26-годишниот Матуиди може да потпише пред-договор со кој клуб сака по 1 јануари 2014-та година, бидејќи од неговиот договор со ПСЖ ќе остануваат помалку од шест месеци. Токму поради тоа од англиските Челзи и Манчестер Сити почнаа разговори со неговиот агент Мино Раиола за неговото ангажирање. Не се исклучува можноста овој интерес кон Матиуди да е само трик од страна на Раиола за издејствуваат повисока плата за неговиот клиент.

Во моментов течат преговорите со ПСЖ за обновување на договорот на халфот, кој е еден од постојаните фудбалери во тимот на Лоран Блан по трансферот од Сент Етјен во текот на летото во 2011-та година. Од страна на ПСЖ има предлог за нов четиригодишен договор до летото 2018-та година, но желбата на фудбалерот и неговиот агент е за солидно зголемување на платата на францускиот репрезентативец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП