13 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ сака „AI“ во своите уреди

„Apple“ сака „AI“ во своите уреди

„Apple“ наводно е блиску до постигнување договор со „OpenAI“ за користење на нивната технологија во „iPhone“.

Двете компании преговараат за деталите од договорот што ќе овозможи користење на „ChatGPT“, еден од производите на „OpenAI“, во претстојниот оперативен систем „iOS 18“ за „iPhone“, пишува „Fortune“.

Изворите, кои сакаа да останат анонимни поради приватноста на ситуацијата, велат и дека „Apple“ разговарал со „Google“ за можноста за користење на нивниот четбот „Gemini“. Иако тие разговори сѐ уште не доведоа до договор, тие, наводно, сѐ уште се активни.

Договорот со „OpenAI“ ќе му овозможи на „Apple“ да го вклучи популарниот „chatbot“ како дел од голем број нови функции за вештачка интелигенција што планира да ги воведе следниот месец. Претставниците на „Apple“, „OpenAI“ и „Google“ одбија да коментираат пред новинарите на „Fortune“ во врска со горенаведените информации.

„Apple“ планира да направи голем бум во областа на вештачката интелигенција за време на годишната светска конференција за програмери во јуни. Како дел од таа стратегија, компанијата има намера да ги користи своите центри за податоци, кои се опремени со сопствени процесори, за лансирање на нови функции за вештачка интелигенција, пишува „Bloomberg“.

Минатата година, извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, рече дека тој лично го користи „ChatGPT“ на „OpenAI“, но истакна дека има „голем број прашања што треба да се решат“. Тој вети дека новите функции за вештачка интелигенција ќе бидат додадени на производите на „Apple“ на многу внимателен начин.

На конференцијата за заработка минатата недела, Кук изрази уверување дека „Apple“ ќе има предност во областа на вештачката интелигенција. Тој рече: „Ние веруваме во трансформациската моќ и потенцијал на вештачката интелигенција и веруваме дека ги имаме силните страни што ќе не издвојат во оваа нова ера, вклучувајќи ја уникатната комбинација на хардвер, софтвер и услуги на „Apple““.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП