7 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 24.10.2013

Техничка анализа EUR/USD 24.10.2013

ppppp

Еврото во однос на американскиот долар го достигна максимумот за овој месец. Моментално ова утро 08:15 часот по наше време цената на EUR/USD го достигна максималното ниво по нашите анализи околу цената 1,3820.

eurusdh

Денешна моментална цена:

euru

На валутниот пазар буквално се е можно, посебно кога имаме оштар тренд цената може да продолжи и повеќе од очекуваното, но во секој случај доколку се достигне предвидената цена и сме реализирале профити според нашите планови до некоја зададена цена, најпаметно е да се затворат позициите како во овој пример кај EUR/USD.

Полека се движиме кон крајот на овој месец, па најверојатно и оваа достигната цена и ќе претставува највисока за месец октомври, но како што напоменавме се е можно да се случи посебно со американскиот долар кој очигледно е преслаб за овој квартал на годината.

Наш предлог е да не се купува повеќе EUR/USD до почетокот на следниот месец, ноември, а доколку се случи корекција и мало стабилизирање на доларот, може да се продаде EUR/USD но внимателно со помал обем на трговски налози како би се избегнале евентуални поголеми загуби во случај да не се оствари анализата за краток период.

Доколку цената на EUR/USD се корегира и падне во преостанатите денови од овој месец најверојатно ќе се спушти до1,3750.

 

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП