5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Бентеке му расте цената

На Бентеке му расте цената

bentekees

Напаѓачот на Астон Вила, Кристијан Бентеке е желба на три англиски гиганти.

Веќе е познато дека за напаѓачот на Астон Вила се заинтересирани Арсенал и Ливерпул, меѓутоа, во трката се вклучи и Тотенхем, кој за Бентеке е подготвен да одвои дури 28 милиони фунти.

Белгијанецот игра уште една одлична сезона, па поради тоа менаџерот на Тотенхем сака да го види на „Вајт Харт Лејн“ веќе во јануари.

Градскиот ривал на Тотенхем, екипата на Арсенал, истакнува дека во Бентеке гледаат една од опциите за засилување на нападот на тимот од „Емирати“.

Арсен Венгер летоска имаше неколку неуспешни обиди во доведувањето на напаѓач, па останува да видиме дали има желба финансиски да му парира на Тотенхем во јануарскиот преоден рок.

Од трета страна, менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс, со големо внимание ги следи настапите на младиот Белгиец. Сепак, Ливерпул единствено ќе биде подготвен да плати за него, само ако Луис Суарез го напушти тимот од „Енфилд“.

Кристијан Бентеке во претходната сезона постигна 23 гола во дресот на Астон Вила, а оваа веќе пет пати се запишуваше во листата на стрелците во Премиерлигата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП