20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Членот на карате клубот „Макпетрол“, Петар Заборски, в сабота ќе има меч за трето место на Европскиот карате-шампионат што се одржува во Хрватска. На турнирот за сениори во Задар, што се одржува од 8 до 12 мај, претставникот на најтрофејната македонска екипа во елиминацискиот дел забележа три победи. Во полуфиналето Заборски загуби од Иван Мартинац од Хрватска, а во борбата за бронзата ќе се соочи со Тијаго Дуарте од Португалија.

Ангела Мојсовска и Данило Божовиќ не продолжија понатаму поради прв освоен поен. И покрај тоа, се работи за позитивен почеток на Европското Првенство и добра мотивација за другите каратисти од Македонија да освојат медал на овој шампионат. На Европскиот Шампионат во Задар настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.

Во категоријата под 75 килограми, Петар Заборски ги оствари следниве резултати против: Даниел Сантионеану (Романија) 2-0; Евангелос Серметакис (Грција) 2-1; Давид Подсклан (Словачка) 1-0. Хрватскиот репрезентативец го победи членот на „Макпетрол“ со 3-0. Ангела Мојсовска ја совлада Лине Зачо Кудсен (Данска) со 2-0, а со Влера Керими (Косово) имаше резултат 2-2, но загуби поради прв освоен поен.

Петар Спасеновски го победи Фредерико Лопез Салас (Норвешка) со 7-4, а беше поразен од Тургут Хасанов (Азербејџан) со 1-3. Данило Божовиќ со Матиос Стијану (Кипар) имаше нерешен резултат (3-3), но првенството и за него заврши како резултат на прв освоен поен од противникот. Симона Заборска денес има меч со Елена Березовскаја (Молдавија). Во борби машкиот тим се соочува со Германија, а женската екипа со Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП