21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрво Керик, па потоа Рио, Видиќ...

Прво Керик, па потоа Рио, Видиќ…

kerik

Искусниот фудбалер од средината на теренот, Мајкл Керик ќе добие понуда да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед.

32-годишниот фудбалер има договор кој истекува наредното лето, а англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед на својот фудбалер ќе му понуди продолжување на соработката на уште две години.

Керик според сегашниот договор заработува 85.000 фунти неделно, а преговорите за новиот договор се очекуваат да започнат наскоро и веднаш да пронајдат заеднички јазик.

Инаку, заедно со Керик, во Јунајтед има уште неколку играчи чии договори истекуваат наредното лето и на кои мора да се посвети внимание.

Пред се, во таа кошница е капитенот Немања Видиќ, за кого се интересираат Јувентус и Милан, како и Рио Фердинанд, кого го привлекуваат од „MLS“-лигата, но и Патрис Евра кој најави враќање во татковината.

Не постои сомнеж дека транзицијата, која започна со заминувањето на Ферги, ќе има екот и во наредното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП