8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба се враќа во Манчестер?!

Погба се враќа во Манчестер?!

pogbapol

Младиот фудбалер на Јувентус веќе во следниот преоден рок би можел да се врати во градот од кој дојде во Италија.

Екипата од „Етихад“ е подготвена да го одврзе ќесето за да го доведе францускиот интернационалец.

Како што јавуваат одредени медиуми во Англија, Манчестер Сити најверојатно размислува за испраѓање на одлична понуда за Пол Погба.

Поранешниот играч на Јунајтед често се поврзува со заминување од редовите на шампионот на Италија, Јувентус, но Антонио Конте не е подготвен да се откаже од услугите на францускиот интернационалец без соодветно обештетување.

Погба зад себе има одлична дебитантска сезона во Италија во која забележа 38 настапи во сите натпреварувања и му помогна на Јувентус да ја освои титулата во Серија А. Во сегашната сезона Французинот командува во средината на теренот и е во одлична форма.

Менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини во текот на летото за засилувања потроши преку 90 милиони фунти и на располагање има неколку опции во средината на теренот, но веројатно смета дека Погба може да претставува засилување на двете страни на теренот, во однос на играчите кои се веќе во клубот.

Погба одбра да го напушти Манчестер минатото лето, откако преговорите за потпишувањето на новиот договор пропаднаа. Тој се пресели во Торино, каде со Јувентус потпиша четиригодишен договор. Па така да доаѓањето во Манчестер Сити нема да биде нималку контроверзно.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП