5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул во невозможна мисија-Како да се доведе Ел Шарави?

Ливерпул во невозможна мисија-Како да се доведе Ел Шарави?

elsaravii

Според пишувањата на англиските медиуми, Ливерпул има големи амбиции во своите редови да го доведе напаѓачот на Милан, Стефан Ел Шарави, со оглед дека на тимот од „Енфилд“ му недостасува замена во нападот за Луис Суарез и Даниел Стариџ.

Како што истакнуваат медиумите од Островот, Ел Шарави се наоѓа на врвот на желбите на „црвените“ за во зимскиот преоден рок.

Овој италијански интернационалец постојано се поврзува со заминување од „Сан Сиро“, иако сопствениците на миланскиот клуб цврсто стојат на ставот дека нема да го продадат младиот напаѓач.

Ел Шарави, кој моментално е надвор од теренот поради повреда на стапалото, се појави на големата сцена минатата сезона постигнувајќи 16 погодоци на 37 средби во Серија А. Меѓутоа, неколкуте слаби изданија во вториот дел од сезоната, покажаа дека се уште има доволно простор за негов напредок.

Овој 20-годишен фудбалер досега забележа и 10 настапи за италијанскиот национален тим, но ќе мора многу труд да вложи за да се најде во составот на Азурите за Мундијалот во Бразил.

Со оглед на тоа дека англискиот клуб не успева да обезбеди настап во Лигата на шампионите секоја година, прашање е дали оваа средина ќе биде доволно привлечна за играч со таков квалитет како што е Ел Шарави и дали тој воопшто сака да си замине од „Сан Сиро“.

Во секој случај, дали оваа шпекулација ќе се реализира, останува да се види во зимскиот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП