2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Hasbro

Зголемен профитот на Hasbro

A statue of Hasbro's iconic Mr. Potato Head character is pictured in front of the Company's global corporate headquarters in Pawtucket

Американскиот производител на играчки „Hasbro“ во третиот квартал оствари годишен раст на профитот за речиси една петтина, што му овозможи да изрази раст на продажбата на играчки за девојчиња.

Тоа му помогна за да се компензира намалената побарувачка на пазарот во САД, пренесува Ројтерс.

Нето профитот на вториот најголем производител на играчки во светот, зад „Mattel“, во третиот квартал достигна 193 милиони долари, односно 1,46 долари за акција. Во истиот период минатата година компанијата имаше профит од 164,9 милиони долари (1,24 долари за акција). Добивката така е зголемена за 17 проценти.

Прометот на годишно ниво е зголемен за два проценти, на 1,37 милијарди долари и така ги надмина очекувањата на пазарот, според кои беше прогнозиран промет од 1,34 милијарди долари.

Компанијата најмногу успех забележала во сегментот на играчки за девојчиња, каде продажбата е зголемена за 29 проценти, а најслаб бил сегментот за играчки за момчиња, каде продажбата паднала за 17 проценти. Прометот од продажбата на игри е зголемен за шест проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП