9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ќе купува на големо?

Барса ќе купува на големо?

barsa kupuva

Тата Мартино има во план да го засили играчкиот кадар на Барселона веќе во јануари, а особено во средниот ред. Стратегот на каталонците веќе ја предаде листата со желби на управата на клубот и се надева на успешно купување.

Барселона од овој викенд е осамена на врвот во Примера, но каталонскиот гигант постојано се стреми кон совршенство. Тренерот Мартино смета дека најмногу „шкрипи“ во везниот ред на тимот, па во јануари ќе се обиде да го освежи тој дел од теренот со нови играчи.

Продажбата на Алкантара во Баерн, како и купувањето на Сонг, го принудуваат Тата да бара пари за нови засиулувања. Мартино има три големи желби, кои во идеален случај сите би биле исполнети, но доведувањето на само еден играч би бил полн погодок.

Илкај Гундоган, фудбалерот на Борусија Дортмунд, е играч за кого Барселона сериозно е заинтересирана, тврдат извори блиски до клубот. Гундоган се уште нема потпишано нов договор со Дортмунд, а сегашниот му истекува во 2015-та година, па големите европски клубови внимателно ја следат ситуацијата.

Коке е исто така име кое се почесто се поврзува со Барселона. Младиот фудбалер на Атлетико едноставно блеска оваа сезона, а имајќи ги во предвид добрите односи меѓу Барса и „јорганџиите“, можен е договор за преминување на овој играч на „Ноу Камп“.

Последна желба на тренерот на Барселона е Џек Вилшер, за кој се смета дека би можел да го продолжи делото на Чави. Трансферот на овој играч делува најмалку веројатен, но никогаш не се знае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП