1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНешто интересно се случува на самиот Северен Пол, а научниците се уште...

Нешто интересно се случува на самиот Северен Пол, а научниците се уште не знаат какви ќе бидат долгорочните последици

Нешто чудно се случува на Северниот пол на Земјата. Дури и научниците сè уште не знаат какви последици би можело да има ова врз човештвото.

Имено, научниците откриле дека се променила голема струја на циркулирачки воздух, позната како арктичкиот поларен вител. Поточно, таа го промени правецот на движење и сега се врти – наназад. Ветровите во оваа струја сега дуваат источно наместо западно, а научниците не знаат како оваа промена ќе влијае на времето во наредните месеци.

Сепак, научниците ја смируваат ситуацијата посочувајќи дека не е толку необично таквата струја да го менува правецот.

Како што објаснуваат, во текот на летните месеци на северната хемисфера на Земјата, циркулирачките ветрови на овој вител се забавуваат и почнуваат да се вртат кон исток (во насока на стрелките на часовникот околу Арктикот). А таквите промени немаат никакво влијание врз времето. Но, кога правецот на струјата се менува од запад кон исток во зимските месеци, тоа носи значителни промени.

Климатологот Ејми Батлер од американската NOAA (Национална океанска и атмосферска администрација) истакнува дека топлотниот бран што го забележавме во Европа во март е веројатно резултат на оваа промена на насоката.

Таа објасни дека поларниот вител се наоѓа во стратосферата, која започнува на околу 6 до 20 километри над површината на планетата и достигнува приближно 50 километри. Додека поголемиот дел од времето што го доживуваме е карактеристично за тропосферата под неа, екстремните стратосферски ветрови до 250 км/ч држат џеб со ладен воздух заробен над Северниот пол.

Меѓутоа, понекогаш атмосферските бранови, исто така наречени бранови Росби, туркаат нагоре и го ослабуваат поларниот вител, предизвикувајќи дел од тој студен воздух да се излее. Ова е познато како ненадејно стратосферско затоплување, што може да доведе до студ на земјата, но не секогаш.

Научниците веќе забележаа дека поради промената на правецот на ветровите се зголемува нивото на озон над Арктикот, а тоа е највисоко откако беше измерено во март. Но, тие се уверени дека нивото на озонот ќе се врати во нормала бидејќи ветровите ќе се вратат во нивната „нормална“ насока на движење.

Но, предупредуваат и дека се уште не е јасно како во иднина ќе изгледа оваа промена на правецот на поларниот вртлог, со оглед на тоа што светот е се потопол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП