30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАУште два стриминг сервиси ќе го укинат споделувањето лозинки

Уште два стриминг сервиси ќе го укинат споделувањето лозинки

Откако „Netflix“ реши да го попречи споделувањето на лозинката, уште два стриминг сервиси решија да го сторат истото.

„Disney+“ и „Hulu“, обете услуги во сопственост на „Disney“, исто така ќе почнат да го спречуваат споделувањето на лозинка.

Во интервју за „CNBC“, шефот на „Disney“, Боб Ајгер рече дека нивната цел е на крајот да имаат двоцифрени профитни маржи, а стримингот ќе игра голема улога во тоа.

Еден од клучните фактори, додаде тој, е токму сузбивањето на споделувањето лозинки еднаш засекогаш.

Ајгер рече дека „Disney“ ќе го започне својот „прв бран забрани за споделување лозинка“ во јуни, во неколку земји, а потоа и на глобално ниво во септември.

Овој потег на „Disney“ се чекаше долго, бидејќи уште одамна, лани во август, најавија дека ќе тргнат по стапките на нивните конкуренти.

Ако во моментов плаќате за „Disney+“, дали ќе се откажете кога ќе започне борбата против споделување лозинки?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП