3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе фрлајте пари на скапи препарати – постојат евтини природни решенија за...

Не фрлајте пари на скапи препарати – постојат евтини природни решенија за заштита од сонцето

Иако е пролет, цените на средствата за сончање полека влегуваат во фокусот на вниманието во пресрет на жешката летна сезона.

Со зголемувањето на свесноста за штетното влијание на сончевите зраци, потребата за заштита од УВ-зраците станува сè поголема.

Во текот на летото, кога сонцето е најјако, многу е важно да се заштитиме од неговите потенцијални негативни последици.

Денар на оваа тема разговараше со лекар од Скопје кој дава неколку совети за алтернативна заштита од сончевите зраци:

„Носете светла и лесна облека. Ткаенината треба да биде природна и во светли бои. Избегнувајте директно изложување на сонце помеѓу 11 и 16 часот. Во овој период, сонцето е најагресивно и може да предизвика повеќе штети на кожата. Користете креми со заштитен фактор (СПФ). Изберете креми кои главно ве штитат од ултравиолетовите зраци. Внимавајте, СПФ не се однесува на УВ-зраците, кои се поврзани со стареење на кожата и други проблеми. Заштитете ги очите со тоа што ќе носите очила за сонце со филтри кои ги блокираат УВ-зраците. Избегнувајте солариуми, бидејќи тие ја изложуваат кожата на високи дози на УВ-зраци и можат да предизвикаат оштетување“, коментира лекарот.

Тој предлага граѓаните да користат повеќе природни состојки кои можат да бидат прилично ефикасни за заштита од сонцето.

„Не е поентата само да се фрлат парите за скапи средства за заштита од сонцето. Многу подобро е да се обидете со природни средства. На пример, прополисот. Оваа позната мешавина, која пчелите ја собираат е една од најмоќните природни состојки за заштита од сонцето. Прополисот е богат со антиоксиданти и штити од УВ зраците. Исто така, гел од алое вера е познат по своите навлажнувачки својства и здравствени придобивки за кожата. Се препорачува да го нанесете алое вера гелот 24 часа пред изложување на сонце и 2 часа по него. Обидете се и со масло од морков. Ова масло, богато со бета-каротин и витамини Е и А, често се користи за дополнителна заштита. Исто така, помага во заздравување на сувата кожа. Шеа путерот има лековити својства и се користи во домашните козметички производи. Освен тоа, има нежна арома. Масло од семе од малини е една од најефикасните природни состојки за сончање. Богато е со антиоксиданти и минерали кои помагаат при различни состојби на кожата. Со правилна заштита, можеме да уживаме во сонцето без да го ризикуваме нашето здравје“, изјави лекарот.

Направивме обиколка низ специјализираните продавници во моловите каде што се нудат средства за сончање, па забележавме дека цените на ваквите заштитни препарати оваа сезона се движат од 400 па сѐ до 1.500 денари.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП