„Google“ додаде уште еден на растечките „гробишта“ на непостоечки услуги. Прво во САД, а потоа и во другите региони.
Услугата „Google Podcasts“ е исклучена, а апликацијата и услугата за поткаст беа затворени во САД оваа недела, а ќе бидат затворени во остатокот од светот во јуни.
Компанијата објави минатата година дека апликацијата за услугата за поткаст ќе исчезне и ќе биде заменета со дел за поткаст во „YouTube Music“.
„Google“ има долга листа и историја на исклучување услуги, апликации и хардвер за кои смета дека не успеваат. Така завршија „Google Duo“, „Google Hangouts“ и услугата за облак игри „Google Stadia“.
Списокот на сите проекти кои „Google“ ги затвори во претходните години може да се најде на веб-страницата „Killed by Google“, која создава виртуелни гробишта на „Google“.
Ова не значи дека „Google“ целосно се откажува од поткастите. Најважните поткасти и видео компоненти се на „YouTube“, па прикажувањето на аудио верзијата на платформата и апликацијата „YouTube Music“ е дополнителен чекор.
Сепак, тука има финта. За да слушате поткасти на услугата „YouTube Music“, треба да плаќате 10 долари месечно за претплата.