9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте профитот на McDonald`s

Расте профитот на McDonald`s

Earns Mcdonalds

Профитот на американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald`s“ во третиот квартал порасна за пет проценти.

На добрите резултати влијаеше и промоцијата на друштвената игра Монопол во рестораните во САД и успехот во Британија и Русија.

Компанијата во тие три месеци заклучно до септември заработи 1,52 милиони долари, односно 1,52 долари за акција, во однос на 1,46 милиони односно 1,43 долари за акција од истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Приходите истовремено се зголемиле за два проценти, на 7,32 од 7,15 милијарди долари.

„McDonald`s“ наведува дека приходите во рестораните кои се отворени најмалку 13 месеци се зголемиле за 0,9 проценти, вклучувајќи го и растот од 0,7 проценти во Америка и 0,2 проценти во Европа.

„McDonald`s“ има повеќе од 34.000 ресторани во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП