Карате клубот „Макпетрол“ со вкупно освоени 13 медали е најуспешен на државното првенство во карате за сениори во борби и кати што викендов се одржа во Скопје. Каратистите на „Макпетрол“ освоија шест златни, четири сребрени и три бронзени медали, со што не дозволија промена на врвот во генералниот пласман на првенството и повторно се најуспешен клуб.
Зад „Макпетрол“, на второто место според постигнатиот успех и освоените медали е „Олмпик спорт 2007“ со шест освоени медали, додека трет е клубот „Фунакоши Гичин“ исто така со шест медали.
– Задоволни сме од постигнатото на државното првенство и од прикажаните борби на сите наши спортисти. Најважно од сѐ е што повторно демонстриравме и прикажавме модерно и врвно карате и останавме на врвот на најуспешни клубови во генерален пласман – истакнаа од карате клубот „Макпетрол“.
Со златни одличја на државното првенство се закитија каратистите на „Макпетрол“ Симона Заборска, Ангела Мојсовска, Петар Заборски, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, како и екипно борби во машка конкуренција.
Сребрени медали освоија женскиот тим во борби, Давид Петков, Викторија Јовановска и Витомир Трајковски. Со по една бронза првенството го завршија Јована Мицовска, Данило Божовиќ и Димитар Лозановски.