2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKoj ќе го гледа Мундијалот на ТВ, Ибра или Роналдо?

Koj ќе го гледа Мундијалот на ТВ, Ибра или Роналдо?

brasil-2014

Денеска во Цирих беше извршена ждрепката за бараж-средбите за СП 2014 во Зона Европа. Неспорно, „шлаг на тортата“ во овие средби ќе биде судирот меѓу Португалија и Шведска, а еден меѓу Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти Светското првенство во Бразил.

Интересен ќе биде и балканскиот судир меѓу Грција и Романија, кој сигурно ќе донесе доста емоции на овие простори.

Беспомошниот тим на Исланд ќе се соочи во овие натпревари против Хрватска. Колбеин Сигторсон и компанија имаат мала предност, бидејќи Хрватите направија чудна рокада на својот селектор, назначувајќи го изненадувачки, Нико Ковач.

Љубителите на францускиот фудбал, исто така немаат многу прилики за радост, бидејќи „петлите“ ќе треба да ја елиминираат Украина, ако сакаат да се заминат во Бразил.

Бараж средби:

Португалија – Шведска

Украина – Франција

Грција – Романија

Исланд – Хрватска

Првите натпревари се закажани за 15-ти ноември, а само 4 дена подоцна, на 19-ти ноември ќе се одигра реваншот, по што ќе ги знаеме сите учесници на СП 2014 од Зона Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП