6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали секогаш имате отворени многу табови? „Google Chrome“ има решение за вас

Дали секогаш имате отворени многу табови? „Google Chrome“ има решение за вас

„Google Chrome“ подготвува функција за „Android“ која ќе ви помогне доколку често имате отворени голем број табови.

Како што објави „9to5Google“, се работи на нова функција која ќе ги „прочисти табовите“, како што е наведено во кодот на „Chromium“.

Раниот опис на оваа функција гласи: „овозможува автоматско архивирање и бришење на неактивни јазичиња“, па се чини дека главниот принцип ќе биде архивирање на јазичиња кои не се користеле долго време.

Многу е веројатно дека корисниците сепак ќе можат да ги видат тие стари, архивирани јазичиња, а потоа од списокот ќе можат да одлучат дали да ги обноват или трајно да ги избришат.

Исто така, на корисниците ќе им биде предложено да ги затворат табовите кои не биле користени подолго време, со предлози за кои јазичиња станува збор.

Не е наведено, барем засега, колку време е потребно за да биде неактивен табот за „Chrome“ да предложи архивирање или отстранување.

Расчистувањето на дополнителните јазичиња дефинитивно би му помогнало на „Chrome“ да работи поефикасно, но се чини дека ќе почекаме уште малку за оваа функција – засега, шпекулациите се дека таа би можела да пристигне во мај, но сè уште ништо не е сигурно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП